Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед Оле Гунар Солскјер е подготвен повторно да се врати на клупата и тоа на турскиот гигант Бешикташ. Солскјер како тренер работеше во Малме и Кардиф, за да потоа биде промовиран во менаџер на Манчестер јунајтед.
На „Олд Трафорд“ остана две и пол години, период во кој 149 пати беше на клупата на Манчестер јунајтед. Во ноември 2021 година доби отказ по поразот од Ватфорд со 4:1. Повеќе од две години Солскјер нема никаква тренерска активност, а сега ќе има тешка мисија да го врати Бешикташ на победнички патеки.
Гигантот од Истанбул сезонава на клупата започна со Шенол Ѓунеш кој доби отказ во октомври, а на негово место дојде Бурак Јилмаз. И со новиот стратег, играта и резултатите на Бешикташ не се подобрија, па некогашниот турски првак сега е на петото место на табелата во Суперлигата со дури 17 бодови зад најголемите ривали Фенербахче и Галатасарај кои се на првите две позиции и имаат по 43 бодови од 16 натпревари.