По две години, претепаниот навивач на Ливерпул се врати дома

Шон Кокс е навивачот на Ливерпул кој во април 2018 година замина во Рим да го бодри својот омилен тим на дуелот против Рома во рамките од Лигата на шампиони и малку фалеше никогаш да не се врати. Тој беше нападнат од хулигани на домашниот тим и крвнички претепан. Со тешки повреди на главата и телото, Кокс заврши во кома и не се знаеше дали ќе успее да преживее.

Веднаш започна акција за спасување на овој навивач на Ливерпул. Од Рома донираа 150.000 евра за негово лекување, а по три месеци поминати во кома, Кокс успеа да се разбуди и дури потоа започна неговата рехабилитација. Беше префрлен во болница во Даблин, каде што беше потребна голема сума пари за да продолжи лекувањето.

Челниците на Ливерпул му порачаа на Кокс дека „Никогаш нема да оди сам“ и помогнаа во неговото лекување. Се одигра и хуманитарен меч, а сите пари беа наменети за лекување на навивачот на Ливерпул.

Речиси по 24 месеци откако замна во Рим да гледа фудбал и двегодишна борба за животот, Кокс конечно си дојде дома кај своето семејство.

„Ова е денот кој ние како семјество го чекавме долго време. Неверојатно убаво е чувството Шон да е повторно со нас. Повторно сме обединети цело семејство. Не можам да најдам зборови да се заблагодарам на сите оние коишто помигнаа во лекувањето на Шон во изминативе две години“, рече Мартин, жената на Шон.

За нападот на симпатизерот на Ливерпул во февруари минатата година на три и пол години затвор беше осуден навивачот на Рома, Симоне Мастрели (30 години).

- Оглас -

Најнови вести