25.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

По две години Вардар игра прволигашки меч, голем е коефициентот за да победи

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар, повторно е дел од прволигашкото друштво. Црвено-црните кои имаа 11 шампиони трофеи во Прва лига, по две години играње во второлигашка конкуренција, денеска од 17 часот ќе гостува кај Брера во Струмица, во меч од првото коло во елитната македонска лига.

Според коефициентите, Брера е фаворит за победа, но од Вардар се убедени дека може да тргнат победнички во новата сезона. Во последните шест меѓусебни дуели Вардар има четири победи, тимот од Струмица се радувал два пати, а тоа што е интересно во овие шест средби е дека секогаш било НГ, односно едниот тим да не постигне погодок.

Во првото коло денеска се играат уште четири меча во кои ќе се сретнат: Брегалница – Силекс, Струга ТЛ – Гостивар, Тиквеш – Македонија ЃП и Воска Спорт – Шкендија. Утре ќе се комплетира првото коло со дуелот меѓу Работнички – Шкупи.

- Оглас -

Најнови вести