По еден меч од Англија, Данска, Ирска, Шпанија и Русија

1008 Брајтон – Ливерпул (21 ч.)

Ливерпул ја прослави титулата, па дуелот против Брајтон е формалност за новиот првак. И кај Брајтон нема посебен притисок за победа, па ова може да биде возбудлив дуел со многу погодоци.

На осум од последните девет меѓусебни дуели имало миннимум три погодоци, а последните пет се со ГГ3+.

Предлог тип: ГГ3+ (1.65)

 

2806 Брондби – Митјиланд (19 ч.)

Важен меч за двата тима. Домаќините бараат бодови за да го задржат местото кое води во Конференциската лига за следната сезона, додека Митјиланд со евентуален триумф ќе биде само на еден бод негатива во однос на лидерот Копенхаген.

Брондби е во лоша форма и нема победа на последните пет средби, но кога се работи за меѓусебните дуели со денешниот ривал, има четири триумфи по ред.

Предлог тип: 1Х&2-4 (2.17)

 

1276 Шемрок – Сент Патрик (20:45 ч.)

Шемрок е сериозен кандидат за титулата во Ирска, па затоа кога игра на свој терен, мора да се очекува дека ќе оди на освојување на трите бода.

Традицијата вели дека на шест од последните седум меѓусебни дуели на овие два ривали имало барем по три погодоци.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.05)

 

1321 Кордоба – Мирандес (20:30 ч.)

Кордоба е мирна на средината од табелата, додека влогот кај Мирандес е многу голем. Гостите со евентуална победа може да стигнат до второто место во Втора шпанска лига и да се борат за директен влез во елитното друштво.

Во есенскиот дел, Мирандес победи минимално со 1:0, а гостите и сега се фаворити за победа.

Предлог тип: 2 (2.45)

 

3208 Локомотив Москва – ЦСКА Москва (19:30 ч.)

Дербито меѓу московските ривали секогаш е во центарот на фокусот. ЦСКА е со 55 бода од 28 меча, а Локомотив има освоено шест помалку. ЦСКА има гранитна одбрана и ретко прима гол. Посебно кога се игра градско дерби, секој потег е двојно вкалкулиран, па може да се очекува пресметка со многу калкукации.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.69)

- Оглас -

Најнови вести