1701 Стразбург – Лион (20:45 ч.)
Дуел на две екипи кои се борат за излез во Европа за следната сезона. Стразбург е посебно силен на свој терен и сезонава во 12 средби има седум победи, четири ремија и само еден пораз.
Сепак, не треба да се заборави дека Лион е во одлична форма и победи на последните пет меча, а има и седум триумфи во последните осум дуели што ги одигра. Традицијата вели дека седум од последните осум дуели на овие две екипи завршиле со ГГ, а шестпати имало минимум три погодоци.
Предлог тип: ГГ3+ (1.98)
1801 Баер Леверкузен – Бохум (20:30 ч.)
Баер останува единствен ривал на Баерн во трката за титулата, па Фармацевтите едноставно не смее да си дозволат кикс на свој терен против Бохум, кој е во зоната за испаѓање.
Бохум точно пред 20 дена направи сензација победувајќи го Баерн во Минхен со 2:3, што треба да биде доволен сигнал за тимот од Леверкузен дека не смее да го потцени ривалот. Бохум ја има една од најлошите одбрани во лигата и во просек прима по два погодоци на меч.
Предлог тип: Т1 1-3 I & 1-3 II (1.85)
1655 Левен – Шарлроа (20:45 ч.)
Овие се екипи кои се во група за борба за пласман во Конференциска лига на УЕФА. По 30 кола во белгиското првенство освоија по 37 бода, а Левен е мајстор за нерешени, има 13 сезонава во првенството.
Домашниот терен треба да биде дополнителен мотив за Левен да не загуби, а традицијата вели дека на последните пет средби на овие ривали немало повеќе од два погодока.
Предлог тип: 0-2 (1.63)
2801 Алборг – Виборг (19 ч.)
На овие две екипи во Данска им претстои борба за опстанок. Алборг го има еден од најслабите напади во лигата, додека за Виборг е сосема спротивното. Тоа е тим кој игра офанзивно, сака да се надигрува и често дава, но и прима голови.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.04)
1011 Шефилд јунајтед – Ковентри (21 ч.)
Во Чемпионшип се игра една од најинтересните сезони. Шефилд е со 80 бода, колку што има и лидерот Лидс, а Барнли е трет со 78 бода. Првите две екипи имаат директен пласман во Премиер лигата, што значи огромен е влогот за Шефилд да победува, посебно на свој терен.
Сепак, не треба да се заборави дека Ковентри е во одлична форма и има шест победи во последните седум кола, па ова ќе биде еден од најинтересните дуели.
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.96)