12.8 C
Skopje
четврток, 12 февруари 2026

По еден меч од пет различни земји

1010 Брентфорд – Арсенал (21 ч.)

Арсенал е пред голем предизвик да ја задржи сигурната прва позиција на табелата во Премиер лигата. Топчиите гостуваат кај тимот кој игра без многу калкулации, па затоа Брентфорд има само три нерешени сезонава.

Домаќините играат офанзивно, постигнуваат многу голови, но и примаат доста погодоци. Пред своите навивачи Брентфорд сезонава има само два пораза во 12 меча, па Арсенал ќе мора да се намачи ако сака да го освои целиот плен.

Предлог тип: ГГ3+ (2.35)

 

1671 Антверпен – Андерлехт (20:30 ч.)

Дуел кој треба да го даде финалистот во Купот на Белгија. Само пред седум дена, Антверпен славеше на гости со 1:0, што значи дека сега е доволно на свој терен да не загуби.

Андерлехт игра очајно и во последните речиси два месеца има дури пет порази, две нерешени и само една победа. Тука може да се очекува уште еден дуел со многу калкулации и тактизирања, што значи и малку шанси и голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.15)

 

1323 Атлетико Мадрид – Барселона (21 ч.)

Барселона е во фантастична форма и има 17 победи во последните 18 дуели во сите натпреварувања. Сепак, гостување во Мадрид кај Атлетико е посебно тежок предизвик.

Ако се погледне формата на Атлетико и фактот дека има само четири победи во последните 10 средби, тоа е добар знак за Барселона, но Јорганџиите секогаш знаеле посебно да бидат мотивирани против ваков ривал. Ова е прв меч од полуфинале на Купот, што значи дека влогот е дополнително голем.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.81)

 

1925 Сион – Базел (20:30 ч.)

Дуел на петто и четвртопласираниот на табелата. Сион е специјалист за нерешени и има дури 10 ремија сезонава, а сега е во низа од четири ремија.

Базел не е во добра форма бидејќи има само две победи во последните осум дуели што ги одигра, но ја има традицијата на своја страна кога се работи за пресметките со Сион и нема ниту еден пораз во последните девет дуели (пет победи и четири ремија).

Предлог тип: Х2&2-4 (2.14)

 

2849 Архус – Митјиланд (19 ч.)

Полуфинале на данскиот куп, и тоа на двата најдобри тима во Лигата. Архус е лидер со 43 бода, додека Митјиланд има освоено 39 бода во првенството. Митјиланд го има најдобриот напад, додека Архус е со најдобра одбрана сезонава.

На шест од последните осум дуели на овие два тима погодоци имало во мрежата на двата тима.

Предлог тип: ГГ (1.59)

- Оглас -

Најнови вести