1131 Лидс – Вест хем (21 ч.)
Двата тима лошо ја започнаа сезоната во Премиер лигата. Лидс има само две победи во осум меча, а Вест хем славеше само еднаш и со 18 примени гола Чеканите ја имаат најлошата одбрана во првенството.
Во последните шест меча на овие два клуба, Вест хем има пет победи, еднаш се радувал Лидс и еднаш било нерешено. На четири од последните пет меѓусебни дуели било гол-гол 3+, а еднаш мечот завршил 2:0 што значи дека според традицијата, треба да има погодоци.
Предлог тип: 1-3 I & 3+ (2.40)
1710 Париз – Нант (20:45 ч.)
Екипата на Париз солидно ја почна сезоната, а на домашен терен има две победи и еден пораз. Нант освои само шест бодови во осум средби и со само пет дадени гола го има вториот најслаб напад во лигата.
Дури шест меча Нант сезонава ги игра со не повеќе од два гола, па и сега се очекува неизвесен дуел со малку шанси за погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.65)
3627 Милан – Пиза (20:45 ч.)
Дуел на првиот и последниот на табелата. Милан освои 16 бодови од првите седум кола, додека Пиза е на дното со само три бода и уште е без победа. Само три гола има постигнато Пиза што значи дека гостите се тотални аутсајдери на овој меч.
Пиза се врати во Серија А за прв пат по 1991 година и ќе биде чудо ако опстане на крајот од сезоната.
Предлог тип: 1-1&2-4 (2.90)
1810 Вердер – Унион Берлин (20:30 ч.)
Овие две екипи во последните година и пол играат три пати меѓусебе и секогаш имало погодоци на двете страни и барем три голови на крајот. Сезонава ова се екипи кои треба да бидат на средината од теренот, што значи дека нијанси може да одлучуваат.
Ако се знае дека негуваат офанзивен фудбал, може да се очекуваат погодоци на двете страни.
Предлог тип: ГГ3+ (2.25)
1360 Реал Сосиедад – Севилја (21 ч.)
Двете екипи имаат голема историја во Шпанија, но сезонава за Реал Сосиедад започна многу лошо, па тимот е во зоната за испаѓање со само шест бодови од девет кола.
Севилја е тим кој знае секого да го победи, но и да загуби кога најмалку се очекува. Севилја сезонава дава многу, но и прима доста погодоци, што значи дека игра без калкулации.
Предлог тип: 1Х&1-3 (2.00)

