По еден меч од Топ 5 лигите во Европа како загревање за викендот кој следи

1002 Брајтон – Челзи (21 ч.)

Само пред неколку дена Брајтон го победи Челзи со 2:1 и го елиминира од ФА купот на Англија, а сега ќе се сретнат во првенството. Брајтон е сигурен на средината од табелата во Премиер лигата, додека Челзи е на четвртото место, кое сигурно ќе сака да го задржи.

Многу голови дава, но и прима Челзи, а и Брајтон е офанзивно настроена екипа. На последните четири меѓусебни дуели секогаш имало најмалку три гола и се треселе мрежите на двата тима.

Предлог тип: ГГ3+ (1.82)

 

1701 Брест – Оксер (20:45 ч.)

Брест има згуснат распоред. Само пред три дена тимот играше против ПСЖ во плејофот за место во осминафиналето од Лигата на шампиони и загуби со 0:3. Сепак, Оксер не е ривал од калибарот на ПСЖ, иако во есенскиот дел од сезоната токму Оксер со 3:0 го победи Брест.

Дури девет меча Оксер нема победа во првенството, што е мотив повеќе за домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.35)

 

3001 Болоња – Торино (20:45 ч.)

Двете екипи се мераклии за нерешени резултати, па Болоња има 11 ремија, а Торино десетпати одиграл без победник. Тоа е само доказ дека двете екипи многу калкулираат, играат подефанзивно и најважно им е да не примат гол.

Тоа го покажува и традицијата во меѓусебните дуели, каде што петпати од последните шест меча резултатот бил со не повеќе од два гола. Само еднаш имало три погодоци.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.01)

 

1801 Аугсбург – Лајпциг (20:30 ч.)

Аугсбург влезе во добар ритам и нема пораз на последните пет меча во Бундеслигата, а посебно солидно игра на свој терен, каде што во 10 меча има само три порази. Лајпциг ја има фаворитската улога, а тоа го покажуваат и резултатите од меѓусебните пресметки, каде што Лајпциг има три победи и едно ремо во последните четири дуели.

Тоа што е впечатливо дека на последните шест меча на овие два тима биле постигнати дури 26 голови, односно повеќе од четири гола во просек на средба.

Предлог тип: 1-3 I & 4+ (3.75)

 

1301 Жирона – Хетафе (21 ч.)

Дуел на екипа од Каталонија и на тим од главниот град Мадрид. Веќе неколку сезони наназад Хетафе е тимот кој негува најдефанзивна игра не само во Шпанија туку и во Топ 5 лигите во Европа, па не е чудно дека по 23 меча има гол-разлика од само 18 дадени и 17 примени голови.

Хетафе нема дадено гол против Жирона на последните три меѓусебни дуели, а сезонава дома загуби со 0:1.

Предлог тип: 1Х&0-2 (1.79)

- Оглас -

Најнови вести