По еден меч од Топ 5 лигите, за топ добивка

Атлетико Мадрид – Селта (18:30 ч.)

Со поразот од Барселона, Атлетико може да се прости од титулата. Сепак, „јорганџиите“ имаат мотив до крајот на сезоната, а тоа е да завршат пред големиот градски ривал, Реал. Против Селта нема да игра Диего Коста кој е суспендиран до крајот на сезоната, а кај гостите ќе фали Аспас.

Селта се бори за опстанок, но тешко дека во Мадрид може да бара бодови. Домаќините треба да стигнат до сигурен триумф.

Предлог тип: 1&0-3 (2.10) – квота на денот во Sport Life

 

Манчестер ј. – Вест хем (18:30 ч.)

Нема веќе калкулации за Манчестер јунајтед и тренерот Оле Гунар Солскјер. „Црвентие ѓаволи“ мора да излезат од кризата (четири порази на последните пет меча во сите натпреварувања), а најдобра шанса за тоа е дуелот против Вест хем.

„Чеканите“ имаат три порази во последните четири првенствени дуели, комотни се на средината на табелата и ќе играат без притисок. Манчестер дома има само еден пораз во 15 меча, а во просек дава по два гола. Гостите немаат некоја многу сигурна одбрана, па затоа треба да биде победа на домаќините со повеќе погодоци.

Предлог тип: 1&2-4 (2.30) – квота на денот во Sport Life

 

Милан – Лацио (20:30 ч.)

Дерби на две екипи кои очекуваат на крајот од сезоната да се пофалат дека ќе играат во Лигата на шампиони. Милан има 52 бодови, а Лацио е со три помалку, но и меч помалку, што значи дека ништо не се знае. „Росонерите“ влегоа во лоша форма, па на последните четири меча освоија само еден бод, а Лацио во истиот период прокнижи седум бодови.

Се очекува гостите да играат без многу калкулации, но сепак Милан не смее да си дозволи разочарување на „Сан Сиро“, каде сезонава во 16 меча загуби само три пати.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.55) – квота на денот во Sport Life

 

Монако – Реим (20 ч.)

Полека, но сигурно, Монако бега од зоната за испаѓање во француското првенство. Во последните девет кола, тимот од малото кнежество има само еден пораз (по 4 победи и 4 реми), но за да не се плаши до крајот на сезоната, мора да продолжи во ист ритам.

Реим е тим кој има најмногу нерешени натпревари сезонава (дури 14), но многу тешко губи и затоа е во трка за место води излез во Европа. Сепак, кога се работи за гостување кај Монако, тешко дека може да победи, па затоа предноста е за домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.00)

 

Борусија Д. – Мајнц (18:30 ч.)

Борусија беше шокирана во минатото коло, кога со 5:0 загуби од Баерн Минхен во дербито за врвот на табелата. „Милионерите“ сега веќе се во подредена ситуација и не зависи само од нив дали ќе бидат прваци. Сепак, за да останат во трка за трофејот, мора да се вратат на победите, а одлична можност за тоа е дуелот против Мајнц.

Борусија е единствен тим во лигата кој нема пораз на свој терен сезонава и е со рециси перфектен биланс од 12 победи и само две реми. Мајнц е очаен на гости (9 порази во 14 средби). Интересно е што последните седум меѓусебни средби завршувале со тип: 2-3 погодоци.

Предлог тип: 1&2-3 (3.00)

- Оглас -

Најнови вести