1003 Нотингам форест – Њукасл (21 ч.)
Нотингам форест нема победа на последните пет меча во Премиер лигата, но на домашен терен е само со три порази во 13 дуели. Њукасл има одлична одбрана и на 12 гостувања досега прими само девет гола.
На првиот меч сезонава, Њукасл победи со 2:0, а Чавките и сега се фаворити за победа, но не треба да се заборави добрата игра на Шумарите на свој терен.
Предлог тип: Х2&0-2 (2.07)
1701 Лион – Нант (21 ч.)
Домаќинот е фаворит, а тоа го покажуваат и меѓусебните дуели, кога Лион победи на пет од последните шест средби против Нант. Лион игра офанзивно, но има и проблеми со одбраната, па на седум од последните осум средби игра ГГ3+.
Трите бода треба да останат за домаќините, а навивачите да се радуваат на повеќе погодоци.
Предлог тип: 1&2-4 (2.60)
3001 Сасуоло – Специја (18:30 ч.)
Сасуоло е единствениот тим во Серија А кој победи на последните три меча во првенството, па сигурно ќе сакаат да ја продолжат оваа низа против ривалот кој се бори за опстанок.
И Специја игра добро и нема пораз во последните три кола, па затоа избега од зоната за испаѓање. Ова треба да биде дуел со многу голови во двете мрежи, што потврдува и традицијата, која вели дека било ГГ3+ на последните три меѓусебни средби.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.94)
1801 Борусија Менхенгладбах – Вердер Бремен (20:30 ч.)
Дуел на две екипи кои имаат по 30 бода по 24 кола, но фаворитската улога е за домаќинот затоа што Борусија пред своите навивачи има седум победи во 12 кола. И традицијата е на страна на Борусија затоа што има осум победи во последните 13 дуели со овој ривал, а Вердер се радувал само еднаш.
Предлог тип: 1 (1.90)
1301 Валјадолид – Атлетик Билбао (21 ч.)
Валјадолид е тимот со најслаб напад во шпанското првенство и досега даде само 19 гола во 25 дуели, па не е чудно што е само два бода од зоната за испаѓање. Токму затоа Валјадолид не смее да дозволи луксуз да не освојува бодови пред своите навивачи, па макар тоа било во средба со малку погодоци.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.26)