По еден натпревар од топ-5 првенствата прават тикет со одлична квота (Фото)

1304 – Реал Мадрид – Жирона (18:30)

Екипата на Реал Мадрид ја има фаворитската улога во дуелот против Жирона, меч кој ќе го одреди понатамошниот тек на бордбата за титулата во Ла Лига. Во првиот дел од сезоната „кралскиот“ клуб ја победи сензационалната Жирона со 0-3 на гостински терен, но она што е интересно за нивните меѓусебни дуели е тоа дека Реал секогаш им давал гол, дури и кога губел и кога било нерешено.

Предлог тип: Т1 1-3I & 1-3II (1.98)

 

1810 – Баер Л. – Баерн М. (18:30)

Во исто време започнува и дерби-дуелот за врвот во Бундес лигата помеѓу Баер Леверкузен и Баерн Минхен. Квотите за победа на двете екипи се блиски, но во мала предност се „баварците“, но најреално за очекување е дека конечниот исход ќе биде одлучен во второто полувреме.

Предлог тип: Т2 1+ & 2>1 (2.22)

 

3004 – Рома – Интер (18:00)

Лидерот во Серија А, Интер, е пред тешко гостување во главниот град на Италија, Рим. Рома ќе се обиде да му расипе сметките на Интер, но гостите од Милано се фаворити и играат одлично оваа сезона, па се очекува во ефикасен меч гостите да бидат поуспешни.

Предлог тип: Т21+I&1+II (3.35)

 

1007 – Нотингем Ф. – Њукасл (18:30)

Ефикасен дуел се очекува да одиграат екипите на Нотингем форест и Њукасл во Премиер лигата. И „шумарите“ и „страчките“ на последните два натпревари одиграа „гол-гол“, но нивните два последни меѓусебни дуели заврушваа со голови во двете мрежи.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.97)

 

1703 – ПСЖ – Лил (21:00)

Фудбалерите на ПСЖ на последните пет натпревари нема загубено од Лил и во денешниот дуел сосема очекувано е фаворит за нова победа. „Светците“ се убедливи лидери на табелата и серијата без пораз во првенството ќе продолжи и вечерва.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.02)

- Оглас -

Најнови вести