2006 Лидс – Њукасл (18:30)
Фудбалерите на Њукасл беа до сензационално реми против Ливерпул на домашен терен, откако губеа со 0-2 и имаа играч помалку. Сепак, останаа без бодот во 100-тата минута. Сега раните за тој пораз ќе ги лечат на гостувањето кај Лидс, екипа која претходното коло загуби со 5-0 од Арсенал. Три од последните четири натпревари на овие две екипи завршија нерешено, а еднаш се радуаше Њукасл. Лидс последен пат ги победи „страчките“ на домашен терен во 2020 година.
Предлог тип: Х2 & 3+ (3.05)
1307 Реал Мадрид – Мајорка (21:30)
Реал Мадрид со две победи и две „чисти мрежи“ ја отвори новата сезона во Ла Лига, а вечерва има шанса за уште една победа. На „Сантијаго Бернабе“ гостува Мајорка, што е одлична можност за трета победа по ред. „Кралевите“ имаат 10 победи по ред на домашен терен против денешниот противник, а Мајорка последен пат не загуби на „Сантијаго Бернабе“ во 2008 година.
Предлог тип: 1-1 & 3+ (2.12)
3005 Наполи – Каљари (20:45)
Фудбалерите на Наполи со гостинска победа кај Сасуоло ја започна одбраната на трофејот во Серија А, а вечерниот натпревар против Каљари пред својата публика е одлична можност за два од два на стартот. Наполи нема пораз од Каљари од 2019 година, а на домашен терен имаат три победи по ред, што е уште еден показател дека овој противник им „лежи“.
Предлог тип: 1 & 1+I&1+II (2.30)
1806 Аугсбург – Баерн Минхен (18:30)
Баерн Минхен одбраната на титулата во Бундеслигата ја започна на спектакуларен начин, со победа од 6-0 на домашен терен против Лајпциг. Вечерва имаат противник кој го победуваа на последните шест натпревари со вкупна гол-разлика од 22-9. „Баварците“ сите шест победи ги обезбедија со по најмалку три постигнати погодоци, па нема зошто да не биде така и вечерва.
Предлог тип: Т2 1+I & T2 3+ (2.02)
1704 Тулуз – ПСЖ (21:05)
Фудбалерите на ПСЖ имаат „спор“ старт на новата сезона во Лига 1, па дојдоа до максимални шест бода со две победи од по 1-0. Кај избраниците на Луис Енрика како се уште да се чувствува замор од настапот на Светското клупско првенство, но веќе е време да ја прикажат својата препознатлива игра, а противник како Тулуз е одлична можност за такво нешто.
Предлог тип: 2 & 3-6 (2.05)