Пред почетокот на оваа сезона, заврши една ера меѓу најголемите два ривали во фудбалот. Кристијано Роналдо се пресели во Јувентус, а Лео Меси остана без конкурент во Шпанија. Долго време во иста лига се надигруваа и се докажуваа кој е подобар, доминираа и на шпанско и на европско тло, а сега Меси и Роналдо за првпат по 2009 година се шампиони во иста сезона.
Тоа последен пат се случи во сезоната 2008/09. Меси ја освои Шпанија, додека Роналдо во последната сезона во дресот на Манчестер јунајтед ја покори Англија. Двајцата подоцна се сретнаа во финалето од Лигата на шампионите, а Аргентинецот застана на победничката страна .
Во периодот кога Португалецот настапуваше за Реал Мадрид, заедно со Меси бројат вкупно осум титула во Ла Лига, а шест од нив припаѓаат на ѕвездата на Каталонците. Роналдо само во два наврати беше првак на Шпанија, а во доминацијата на Реал и Барса, една титула „украде“ Атлетико Мадрид.
Сезонава Меси ја предводеше Барселона до 26-тата титула во Шпанија, додека Роналдо му помогна на Јувентус да дојде до рекордната 35-та титула во Серија А.
https://twitter.com/BleacherReport/status/1122243931708841984