По една и пол година повторно се појави на тренинг на ПСЖ

Одбранбениот фудбалер на Пари Сен Жермен, Преснел Кимпембе, по долга пауза се појави на тренинзите на тимот. Кимпембе е надвор од терените од февруари 2023 година, кога ја скина Ахиловата тетива.


Тој беше подложен на операција во март минатата година, а потоа и на уште една интервенција. Иако се очекуваше да се врати на тренинзи во август, неговото враќање беше одложено поради мускулна повреда.

Кимпембе денес им се приклучи на своите соиграчи, иако не учествуваше во комплетниот тренинг. Сè уште не е познато кога ќе му биде на располагање на тренерот Луис Енрике, но знаците за неговото враќање се охрабрувачки.

- Оглас -

Најнови вести