По една и пол година: Тотенхем купува соиграч на Алиоски

Перспективниот тинејџер на Лидс јунајтед, Џек Кларк, ќе биде првото засилување на Тотенхем по една и пол година. Клубот од Северен Лондон ќе исплати околу 10 милиони фунти плус бонуси, а откако денес ќе ги помине медицинските прегледи Кларк ќе потпише петгодишен договор.

Петлите мируваа два преодни рокови, односно цела мината сезона одолеваа на трансфер пазарот, а сега конечно Маурисио Покетино носи играч кој во иднина треба да биде еден од клучните алки во тимот. Лукас Мура беше последното засилување на Тотенхем, кој пристигна во последниот ден од јануарскиот преоден рок од редовите на ПСЖ.

Кларк има само 18 години и може да игра на двете крилни позиции, а изминатава сезона доби голема од Марсело Бијелска и запиша 25 настапи во Чемпионшип лигата од кои на пет беше стартер.

По, Кларк, се очекува да пристигне и уште една летна аквизиција. Стануза збор за играчот за врска на Лион, Танги Ндомбеле, за кого Тотенхем ќе искешира околу 55 милиони фунти.

- Оглас -

Најнови вести