Жозе Мурињо и Фенербахче се елиминирани од Лигата на Европа откако шкотскиот гигант Глазгов ренџер беше подобар дури по подобро изведување на пенали. На синоќешниот реванш, Фенербахче победи со 2:0 во Глазгов, но турскиот гигант дома загуби со 1:3, што значи дека вкупниот резултат беше 3:3. Се играа дополнителни 30 минути, а откако немаше погодоци, победникот беше решен на пенали, каде што шкотскиот тим беше подобар.
По елиминацијата на неговиот тим, Мурињо, како и секогаш, имаше што да каже. Португалецот се сомнева дека некој намерно ги саботира него и неговиот тим затоа што имало три ситуации за пенал на Фенербахче, а судиите не досудиле ништо.
„Глазгов ренџерс не заслужи да оди во следната фаза, но заслужија да слават и да пијат пиво. Што се однесува до мене, Се надевам дека сè што ми се случи на европските натпреварувања, не е последица на финалето во Будимпешта и навистина се надевам дека тоа е случајно. Од тоа финале, од мојата суспензија, работите што ни се случија… Не се пласиравме во Лигата на шампионите поради пенал во 120-тата минута што го виде само четвртиот судија. Денеска имаше три ситуации за пенал, а ВАР-системот и судиите ниеднаш не реагираа. Се надевам дека тоа е случајно. Ја платив суспензијата и се надевам дека ќе заврши. Се молам ова да е само лоша среќа“, рече Мурињо по елиминацијата на Фенербахче од Лигата на Европа.