Фудбалерите на Спарта Прага направија големо изненадување откако успеаја да го елиминираат турскиот гигант Галатасарај во шеснаесетфиналето од Лигата на Европа. Гостите имаа победа од 3:2 по првиот меч во Истанбул, а во реваншот имаа позитивни 1:1 до 20-тина минути пред крајот.
Во финишот на средбата, Спарта Прага одигра феноменално и даде три погодоци за триумф од 4:1 и вкупна победа со 6:4. Веднаш по завршување на дуелот, гостите очигледно незадоволни од конечниот епилог, направија хаос.
Според првичните информации, фудбалерите, но и членовите во стручните штабови на двата тима учествуваа во тепачка, а на крајот, за среќа, немаше информации за посериозно повредени.