По елиминацијата од ЛШ, тренерот Мота побарал три работи од фудбалерите на Јувентус

Тијаго Мота инсистира дека неговиот Јувентус е на вистински пат, иако Старата дама прерано испадна од Лигата на шампионите и далеку е од борба за титула во Серија А.

Мота не се повлече после елиминацијата од ПСВ во Лигата на шампионите, не доби ни отказ, продолжува да седи на клупата на Старата дама.

После болниот пораз во Ајндховен, Мота побарал од играчите три работи: повеќе трчање, екстра напори, и поголем интензитет. Јуве е четврти на табелата во моментов, позиција која води во ЛШ, и целта е да се остане таму и да се почне потера по третопласираната Аталанта.

„После такво разочарување, најдобар лек е повторно враќање на терен, мора да се фокусираме на мечот со Каљари. Самокритичен сум, а одлуките кои ги носам се за да се извади најдобриот можен резултат во моментот. Имаме многу повредени, но не сме само ние во таква ситуација, погледнете ги Манчестер сити и Реал Мадрид“, рече Мота кој ќе ги нема на располагање Бремер, Кабал, Милик, Веига и Калулу.

- Оглас -

Најнови вести