По Елмас, и Барди во јануари прави трансфер во Бундеслигата?

Македонскиот репрезентативец Енис Барди во зимскиот преоден рок може да се пресели во Бундеслигата, и тоа во редовите на тимот кој сезонава играше во Лигата на шампионите. Според турските медиуми, Унион Берлин сака во јануари да го донесе Барди.

Според медиумите, тренерот на Унион Берлин, Ненад Бјелица, кој му беше тренер на Барди во Трабзонспор, побарал од челниците на германскиот тим во јануари да му го ангажираат македонскиот репрезентативец. Доколку дојде до договор на двата тима, Барди би потпишал договор со Унион Берлин на две и пол години.

Покрај Унион Берлин, сериозен интерес за Барди пројавувал уште еден бундеслигаш, Бохум.

Барди неодамна изјави дека е среќен во Трабзон иако не добива често шанса да игра. Македонскиот репрезентативец сезонава досега одигра 14 натпревари за Трабзонспор во турската Суперлига, на теренот помина 795 минути, постигна два гола и имаше две асистенции.

Елиф Елмас изминатиот викенд стави потпис на договорот со Ред Бул Лајпциг.

- Оглас -

Најнови вести