По одложувањата на неколку фудбалски мечеви, во Франција започнаа да се одложуваат и дуели од Европското првенство во ракомет. Поради демонстрациите и немирите кои ги предизвикуваат „жолтите елеци“, одложен е дуелот Србија – Русија.
Првичниот распоред беше овој натпревар да се игра во сабота, во 18 часот, но поради безбедносни причини, тој ќе се одигра во недела, во истиот термин. Во предвидениот термин нема да се игра ниту мечот Франција – Шведска. Тој е презакажан за во недела, во 15 часот.
Од претходно, поради безбедносни причини и немање доволно полицајци, одложени беа дури пет средби од француското фудбалско првенство: ПСЖ – Монпелје, Тулуз – Лион, Монако – Ница, Сент Етјен – Олимпик Марсеј и Анже – Бордо.
За утре во Франција се закажани нови големи антивладини протести, за кои ќе бидат ангажирани дури 89.000 полицајци.