По голема драма, Ливерпул со гол во 95 минута стигна до победа (Видео)

Ливерпул ја продолжи перфектната серија во англиската Премиер лига, откако стигна до осмата победа во осмиот меч сезонава. Избраниците на Јирген Клоп се израдуваа на триумф од 2:1 против Лестер и тоа со гол во последните секунди од мечот. Садио Мане погоди во 40 минута и стигна до 50 погодок во Премиер лигата.

Домаќините ја имаа контролата на играта, но на крајот се случуваше драма. Лестер стигна до гол и тоа со првиот упатен удар во рамките на голот на домаќините. Мадисон погоди во 81 минута и се чинеше дека тоа ќе биде конечен резултат. Сепак, Ливерпул покажа дека има шампионски карактер и не се предаде. Во судиското надополнување беше досуден пенал, а Џејмс Милнер погоди во 90+5 минута за голема радост на домаќините.

https://youtu.be/orzFvcmb9nY

Во останатите денешни мечеви во Премиер лигата: Брајтон – Тотенхем 3:0, Барнли – Евертон 1:0, Норич – Астон вила 1:5, Ватфорд – Шефилд јунајтед 0:0.

- Оглас -

Најнови вести