Светската фудбалска федерација (ФИФА) реши да реагира по обвинувањата на Винисиус јуниор дека бил расистички навреден од Џанлука Прастијани од Бенфика. Овие двајца фудбалери влегоа во жесток конфликт за време на првиот меч од нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид до УЕФА испрати докази кои откриваат како Аргентинецот го навредува Винисиус, а ако тоа биде потврдено, Прастијани може да се соочи со жестока казна.
Засега не може ништо да се докаже затоа што Прастијани го имаше ставено дресот на устата и не може да се види дали и што му дофрла на Винисиус. За да нема друг пат ваков случај кога фудбалерот со дресот ќе ја сокрие устата, од ФИФА размислуваат за воведнување на „Прастијани правило“.
Тоа значи дека фудбалерите во иднина никако нема да смеат да ги покриваат устите со дресовите, без разлика дали рекле нешто или не. УЕФА е пред голем предизвик затоа што Винисиус обвинува дека бил расистички навреден, но Прастијани негира дека рекол нешто навредливо кон Бразилецот.

