Фудбалерот на Брентфорд, Иван Тони, кој моментно е суспендиран поради обложување на натпревари од англиските лиги, по враќањето на терените, ќе го направи трансферот на кариерата.
Тони во јануари идната година повторно ќе може да игра и се очекува веднаш во зимскиот преоден рок да го напушти Брентфорд бидејќи огромен интерес за него пројавуваат Манчестер јунајтед, Тотенхем и Челзи.
Брентфорд очекува најмалку 80 милиони евра од продажбата на својот најдобар фудбалер.
Тони во Брентфорд пристигна во 2020 година за 5,6 милиони евра од Питерборо и досега одигра 124 натпревари, на кои постигна 68 гола, а имаше и 21 асистенција.
https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1695006058148712546?s=20