По колку пари ќе заработат Фјури и Вајлдер за вечерашното шоу?

Само неколку часа нѐ делат до реванш мечот кој со нетрпение се чекаше повеќе од една година. Деонте Вајлдер ќе го брани шампионскиот појас во ВБЦ во тешка категорија, а Тајсон Фјури ќе се обиде да му стави крај на неверојатната непобедлива низа на Американецот.

Двајцата боксери немаат ниту еден пораз во кариерата. Фјури досега во кариерата има 29 победи (20 со нокаут) и едно реми, додека билансот на Вајлдер е 42 победи (41 со нокаут) и едно реми. Британецот е толку убеден дека ќе победи, што веќе и откри на кој начин ќе прослави по саботниот меч.

На првиот меѓусебен меч, во исцрпувачки 12 рунди, двајцата боксери добија по еден поен од судиите, а третиот судија беше за нерешено, па на крајот немаше победник, иако Фјури два пати беше патосиран, но успеа да стане. Ако повторно биде нерешено, Sport Life нуди одличен коефициент кој вреди да се одигра.

Без разлика кој ќе победи во вториот меч, двајцата боксери одлично ќе заработат. Според договорот, на двајцата им следува по 25 милиони долари, а дополнително ќе заработат и од парите кои ќе бидат платени за оние кои ќе го следат мечот преку  pay-per-view.

 

- Оглас -

Најнови вести