По комплетното петто коло во ЛШ: Алармот вклучен кај Реал Мадрид, ПСЖ, Јувентус… (Фото)

Веќе се одиграа пет од планираните осум кола во групната фаза од Лигата на шампионите, која за првпат се игра во ваков формат, а забележително е дека некои од најголемите европски клубови едноставно се под нивото на кое играа во минатото во елитното друштво.

Актуелниот првак Реал Мадрид го претрпе третиот пораз во петиот дуел откако загуби на „Енфилд роуд“ од Ливерпул со 2:0. Кралскиот клуб има само шест бода со гол-разлика од девет дадени и исто толку примени гола и моментално е на 24-тото место. Оваа позиција на табелата е последна која води во плејофот.

За разлика од Реал Мадрид, Пари Сен Жермен е под таа „црта“. Светците имаат само четири бода од пет меча и се на 25-тото место на табелата во ЛШ. Во не многу поволна ситуација е и Јувентус. Најтрофејниот италијански тим има само осум бода и е на 19-тото место на табелата.

Место меѓу најдобрите 15 екипи во ЛШ во моментов нема ниту за Манчестер сити, кој е на 17-тото место, и за Милан, кој е 16-топласиран.

Малку чудно делува фактот дека меѓу најдобропласираните 12 екипи има три француски клуба, и тоа Монако, Брест и Лил. Тука е и дебитантот во ЛШ, Астон вила, која има 10 бода и е на деветтото место на табелата.

До крајот на групната фаза има уште три кола, а следните возбудувања ќе бидат на 10 и 11 декември.

 

- Оглас -

Најнови вести