По кошаркарскиот, и во фудбалскиот тим на Панатинаикос тренер ќе биде Турчин

Поранешниот селектор на Турција и тренер на Галатасарај, Фатих Терим, ќе биде нов тренер на Панатинаикос, пишуваат турските медиуми.

Терим на клупата на грчкиот тим треба да го наследи Иван Јовановиќ, кој денеска доби отказ, а Панатинаикос го водеше од 2021 година.

https://twitter.com/chrisalucard/status/1739626062697443818?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1739626062697443818%7Ctwgr%5E75f7a4f1d36be0ac0ceae8a71acea7897469d0a1%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportklub.n1info.rs%2Ffudbal%2Ffudbal-ostalo%2Ffatim-terim-dolazi-u-panatinaikos-umesto-jovanovica%2F

Последен ангажман на Терим беше на клупата на Галатасарај, од каде што си замина минатата година.

Доколку седне на клупата на Панатинаикос, тогаш и на фудбалскиот и на кошаркарскиот тим тренери би биле Турци. Тренер на кошаркарскиот тим на Панатинаикос од оваа сезона е Ергин Атаман.

 

- Оглас -

Најнови вести