По критиките дека пуштил стомак, Нејмар го смени режимот на исхрана (фото)

Контроверзниот начин на живот и однесувањето на терените, често го ставаат Нејмар на удар на критики, па дури и кога е на одмор. По завршувањето на Копа Америка, првата ѕвезда на Бразил и ПСЖ замина на одмор и се максимално се опушти во уживањето, што резултираше со покачување на телесната тежина.

Откако го искритикуваа што пуштил стомак, Нејмар реши да го смени режимот на исхрана и да го исфрли месото од секојдневните оброци. За тоа се пофали преку својот инстаграм-профил, објавувајќи фотографија од порцијата која содржи мешан зеленчук и печурки, со натпис „прв ден“ од спроведувањето на диетата.

Навивачите на ПСЖ сега може да стивнат со реакциите бидејќи нивната ѕвезда се труди да биде во топ-форма по стартот на новата сезона, во која Светците повторно ќе атакуваат на сите трофеи во Франција, како и главната цел, Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести