По Лацио, и Калјари закажа тренинг

Калјари го зеде примерот на Лацио и им закажа тренинг на фудбалерите. На 23 март пожелно е сите членови на Калчолигашот да се појават во клупскиот тренинг-центар, а сесиите ќе се одржуваат во неколку поделени групи со цел фудбалерите да бидат дистанцирани едни од други.

Додека во светот владее пандемијата со Коронавирусот, а Италија е епицентар на ширењето во Европа, италијанските клубови си прават што ќе им дојде на ум, како на пример, овие тренинзи. Целата земја е во карантин и речиси е невозможно да се излезе надвор без посебна дозвола, додека вкупната бројка на мртви од Коронавирусот стигна речиси до 3.000 луѓе.

Во регионот Сардинија има околу 130 позитивни случаи на вирусот Ковид-19, а од нив 32 се во Калјари. И покрај ваквата ситуација, Калјари на 23 март, исто како и Лацио, ќе започне со тренинзи, додека Серија А е „замрзната“ најмалку до 3 април.

- Оглас -

Најнови вести