Капитенот на германскиот шампион Баерн Минхен, Џошуа Кимих, по завршување на сезоната може да си замине од „Алијанц арената“ и да го следи стапките на Роберт Левандовски од минатото лето и да се пресели во Барселона.
Кимих и летово се поврзуваше и со трансфер во Барселона, но постои голема можност трансферот да се реализира идното лето бидејќи фудбалерот ќе влезе во последната година од договорот, а преговорите за нов договор, сè уште не се започнати.
Причина за тоа е што Кимих е лут на управата на Баерн бидејќи го смени тренерот Јулијан Нагелсман, атмосферата во соблекувалната не е идеална под водство на Томас Тухел.
Дополнителен адут на Барселона за потпис со Кимих и е тренерот Чави Ернандес кој му е идол на германскиот фудбалер.