По мајката, и таткото на Дијас е ослободен, полицијата ги убила киднаперите

Таткото на фудбалерот на Ливерпул Луис Дијас, Луис Мануел Дијас, е спасен од киднаперите откако колумбиската полиција во престрелка ги убила луѓето кои неколку часа претходно ги киднапирале родителите на фудбалерот во близина на неговиот роден град Баранкас.

Според локалните медиуми таткото на Дијас бил ослободен по претстрелката во која полицијата ги убила двајцата киднапери.

Неколку часа порано, мајката на играчот, Силенис Маруланда, била спасена од страна на колумбиската полиција која веднаш започнала голема потрага по киднаперите.

 

 

- Оглас -

Најнови вести