-2.2 C
Skopje
вторник, 20 јануари 2026

По месец и пол пауза, се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите

6006 Реал Мадрид – Монако (21 ч.)

Реал Мадрид мора да ја врати довербата и симпатиите кај навивачите, а тоа секако ќе се случи со победување. Кралевите се големи фаворити за победа над Монако во меч од Лигата на шампионите, но факт е дека францускиот тим има само еден пораз во досегашните шест кола, што значи дека треба да се очекува интересен меч.

Предлог тип: 1&2-4 (2.35)

 

6005 Тотенхем – Борусија Д. (21 ч.)

Тотенхем влезе во криза и има три порази по ред, а има само една победа на последните осум средби. Од друга страна, Борусија нема пораз на последните седум меча што ги одигра.

Сепак, интересно е дека Тотенхем има четири победи во последните четири пресметки со Борусија во ЛШ, па тука може да се очекува отворен фудбал со многу возбудувања.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

6003 Вилјареал – Ајакс (21 ч.)

Две екипи кои може да ги пакуваат куферите по завршување на групната фаза. Вилјареал има само еден освоен бод, а Ајакс е со три бода на 34-тото место од 36 екипи. Ајакс е очаен, па дома не може да го победи ни ГА Иглс (2:2), а од АЗ Алкмар претрпе катастрофа со 6:0, што значи дека ова е огромна шанса за Вилјареал.

Бидејќи двата тима нема што да загубат и да калкулираат, може да има погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.80)

 

6002 Бодо/Глимт – Манчестер сити (18:45 ч.)

Норвешкиот тим нема ниедна победа во шест меча, но на неговите мечеви во просек има по 3,5 погодоци. Ладното време и минусните температури може да бидат проблем за Манчестер сити, но гостите треба победнички да си заминат од ова гостување.

Предлог тип: 2&3+ (1.68)

 

6007 Копенхаген – Наполи (21 ч.)

Долга е листата на повредени играчи кај Наполи, што секако може да биде шанса за домаќините. Интересно е дека двата тима имаат освоено по седум бода и се на 23-тото и на 24-тото место, последните две кои водат во нокаут-фазата, што само покажува колку е важен овој меч за нив.

Предлог тип: 1+I &3+ (2.45)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести