По двата гола на Лионел Меси на „Камп ноу“ против Манчестер јунајтед, не чекаше долго и Кристијано Роналдо да постигне гол. Португалецот ја затресе мрежата на Ајакс и го доведе Јувентус во предност од 1-0 во 28-мата минута. За Роналдо, кој е рекордер по бројот на погодоци во Лигата на шампионите, ова беше 126-ти погодок, од кои 65 му се во нокаут-фазата, што е неверојатен податок.
Радоста на Јувентус не траеше долго. Само 5 минути подоцна, Ајакс преку Ван де Бек успеа да израмни на 1-1. Интересно е што при постигнување на двата погодока, судијата мораше да се консултира со ВАР-системот, но головите беа само потврдени.