По мислењето на прогнозерите, од пет меча може да се добие одлична квота од 54.2

До 15 часот денеска имате време да одиграте во 12. коло на Спортска прогноза и да бидете дел од оние кои се борат за Среќна 13-ка. Во неколку кола се случуваше за малку да бега главната премија, а тоа е можноста прогнозерот да си одбере еден од подароците (Смарт Тв Самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен Тротинет, X Box Series X). За 12 и 11 погодени следуваат ваучери во Sport Life од 1.000, односно 500 денари.

Денеска на понудата од Спортска прогноза има пет меча, а преку 2.000 прогнозери имаат дадено интересни понуди. Емполи е домаќин на Сасуоло, а овој меч внесува најмногу дилеми кај прогнозерите. 29 отсто чекаат „кец“, 38 се за нерешено, а 33 веруваат во двојка.

Лајпциг треба да победи на гости кај Хофенхајм, а тоа го очекуваат речиси 70 отсто од прогнозерите. Нотингем конечно дома треба да ги израдува фановите, прогнозите со 53 отсто чекаат „кец“.

На истанбулското дерби речиси согласни се прогнозерите дека Галатасарај нема да загуби од Бешикташ. За кец се 63 отсто, „иксот“ го чекаат 31 отсто, а едвај шест проценти типувале за двојка. Повеќе од половина прогнозери се сигурни дека Евертон ќе слави над Лестер во Премиер лигата, а за триумф на гостите нема ни 20 отсто.

Ако ги одиграте овие пет меча од Спортска прогноза според најголем дел од размислувањата на прогнозерите, ќе добиете вкупна квота од 54.20.

3002 Емполи – Сасуоло                          1Х  1.57

1806 Хофенхајм – Лајпциг                      2   2.30

1004 Нотингем – Брентфорд                   1   2.85

1954 Галатасарај – Бешикташ                1   2.15

1005 Евертон – Лестер                           1   2.45

—————————————-

Вкупен коефициент: 54.20

- Оглас -

Најнови вести