По мизеријата од Грузија, Бугарија остана без селектор

Бугарија синоќа беше понижена на свој терен и со 2:5 загуби од Грузија, во меч од Лигата на Нации. Ако Македонија им „прости“ на Бугарите и не ги реализираше многуте шанси, па одигра само 1:1 во Разград, Грузијците не простуваат.

Убедливата победа од 5:2 на Грузија беше причина веднаш по мечот, бугарскиот селектор Јасен Петров да си поднесе оставка.

„Не знам што да ви кажам. Јасно е дека немам морално право да останам селектор и затоа ќе си заминам. Ја превемам целата одговорност. Многу сум разочаран. Ова е мојот последен меч како селектор“, изјави Петров.

Засега се најавува дека селекторската функција на следните два меча ќе ја извршува Георги Иванов, Популарниот Гонзо сега е технички директор на националните селекции на Бугарија, а ќе биде предводник на репрезентацијата на гостувањата кај Гибралтар и Грузија кои се играат оваа недела.

- Оглас -

Најнови вести