Светското првенство снукер има голема традиција која вели дека 46 години се игра во Шефилд. Салата во која се игра снукер Мундијалот, собира само 980 луѓе. Според актуелниот договор, Шефилд сигурно ќе биде домаќин на планетарниот собир до 2027 година, но потоа можно е да се случи промена.
Катар е земјата која покажала интерес да биде домаќин на Светското првенство во снукер, што би значело дека по половина век можно е да се случи кулниот „Крусибл“ театар во Шефилд, да не биде домаќин.
Основачот на Мачрум спорт, Еди Херн вели дека додека е тој е одогворен, турнирот нема да го смени местото за домаќинство, но сепак никогаш не се знае дали можно е да има промена.
„Навивач сум на Шефилд, сакам турнурот да остане тука. Сепак, јас сум директор без извршна власт. Кој знае што може да се случи. Реков што треба да направи Шефилд. Имаат четири години за тоа“, рече Херн.
Пред неколку месеци Катар беше домаќин на Светското првенство во фудбал и според челниците на ФИФА тоа е најдобро организираниот турнир на сите времиња. По тие добри оценки за фудбалскиот турнир, Катар ја доби довербата да биде домаќин и на Светското првенство во кошарка во 2027 година, а сега можно е да се случи и традиционалниот снукер Мунндијал кој од 1977 година се игра во Шефилд, да добие нов домаќин.