Милан продолжува да ги разочарува навивачите, откако попладнево на „Сан Сиро“ загуби од Фиорентина со 1:0. Гостите од Фиренца беа дојдени да се бранат, ја препуштија иницијативата на Милан, но знаеја како да ги казнат јаловите напади на „росонерите“.
Фиорентина упати само еден прецизен удар кон голот на Милан и тој заврши во мрежата на домаќините. Киеза погоди во 73 минута, доволно за три бода за „виолетовите“. По овој пораз, Милан само ја продолжува лошата низа. „Росонерите“ имаат освоено само шест бода на последните шест меча во Серија А. Ваквите резултати се опасност за тренерот Џенаро Гатузо, кој може да добие отказ.
Резултати: Милан – Фиорентина 0:1, Емполи – Сампдорија 2:4, Џенова – Аталанта 3:1, Наполи – СПАЛ 1:0, Сасуоло – Торино 1:1, Удинезе – Фросиноне 1:1, Лацио – Калјари 3:1. Во 18 часот играат Киево – Интер и Парма – Болоња, а во 20:30 часот закажан е дербито меѓу Јувентус и Рома.