По најавата за доаѓање на Ибрахимовиќ, најбогатиот човек во Европа ќе го купи Милан

Едно од најголемите разочарувања не само оваа сезона, туку во изминативе неколку сезони е Милан. Некогашниот европски и италијански првак има очајни резултати, а веќе некое време се најавува дека ќе добие нов газда. Италијанскиот весник „Република“, повторно најавува дека сопственикот на луксузниот бренд Луи Витон, Бернард Арно ќе биде нов газда на Милан.

Ова би била втора одлична вест за сите навивачи на Милан во овој период. Првата е тоа што само официјално се чека потврда дека во јануарскиот преоден рок својот потпис на договорот ќе го стави Златан Ибрахимович.

Моментно американскиот фонд „Елиот“ е доминантен сопственик на Милан, но во следните неколку дена се очекува да биде прифатена понудата од 975 милиони евра од Арно. Францускиот богаташ се проценува дека има 93 милијарди евра и беше прогласен за најбогат Европеец за 2019 година.

Првично сумата за откупување на главниот пакет на акции за сопствеништво на Милан изнесуваше 1,2 милијарди евра, но по серијата катастрофални резултати, сега се очекува да биде прифатена и понудата која е под една милијарда евра.

 

 

- Оглас -

Најнови вести