Тенискиот мастерс турнир во Монте Карло за помалку од 24 часа остана без првите тројца носители. Откако синоќа изненадувачки беше елиминиран Новак Ѓоковиќ, а денеска загуби и актуелниот освојувач на трофејот од минатата сезона, Стефанос Циципас, сега е елиминиран и Данил Медведев.
Рускиот тенисер загуби со 0:2 во сетови од Холгер Руне. Данскиот тинејџер уште еднаш покажа дека е во одлилна форма и за само еден час и 18 минути го елиминираше Медведев.
Во првиот сет доволен беше еден брејк за Руне да го добие сетот со 6:3. Данецот успеа да освои гејм на сервис на противникот за да поведе со 3:1 и потоа ја задржа предност и го доби сетот со 6:3.
Во вториот сет, на почетокот, двајцата тенисери земаа по еден гејм на сервис на противникот и потоа беше израмнето 4:4, кога Руне успеа повторно да добие гејм на серис на Медведев и тоа беше знак дека ќе го добие вториот сет со 6:4 и на крајот ќе се радува.