Пари Сен Жермен во последните седум години постојано се обидува да ја освои Лигата на шампиони, но францускиот тим постојано доживува разочарувања. Дури пет од тие седум години, патот на ПСЖ завршува до осиминафиналето, односно еклиминација во првата нокаут фаза. Најблиску до трофејот беше во 2020 годиба кога Светците играа во финалето, но загубија од Баерн Минхен со 1:0.
Францускиот весник Лекип објави список на кои има имиња на фудбалери за кои се верува дека ќе бидат „мета“ на челниците на ПСЖ за следната сезона. На врвот на оваа листа на желби е Бернардо Силва од Манчестер сити, кој сигурно си заминува од англискиот тим на крајот од сезоната.
Покрај Силва, во офанзивниот дел се смета и на младиот 19-годишен играч од Лион, Рајан Черки, ѕвездата на Наполи Виктор Осимен, како и Рамос од Бенфика. Од Интер како слободен играч може да пристигне Милан Шкриниар, а тука е и дефанзивецот на Вилјареал, Пауло Торес. Од играчите за врска се размислува на „Паркот на принцовите“ да пристигнат Ману Коне од Борусија Менхенгладбах и Ибрахим Сангаре од ПСВ.