По новиот кикс на Баерн, Тухел нема дилема: Ова беше харакири!

Баерн Минхен уште еднаш ги разочара своите навивачи откако одигра само 2:2 на гостувањето кај Фрајбург, во првиот меч од 24. коло на Бундеслигата. Фрајбург поведе со 1:0, потоа Баерн постигна два гола, но во самиот финиш од средбата, во 87 минута, домаќините постигнаа втор погодок и се спасија од пораз.

Ова реми го носи Баерн Минхен уште еден чекор подалеку од трката за одбрана на титулата, а тренерот Томас Тухел овој кикс го спореди со „самоубиство“. Едноставно Баерн не одигра како што требало за да освои три бода.

„Бевме премногу недисциплинирани во играта. Дозволивме противникот да направи премногу контранапади. Не ги држевме своите позиции. Многу лошо одигравме во првите половина час. Сакавме да одиграме со друго ниво на емоција, но ова делумно беше харикири. На теренот правевме работи кои никогаш ги немаме ниту споменато. Едно добро полувреме не е доволно за победа на вакво гостување“, рече Тухел.

Баерн Минхен сега има 54 бодови, седум помалку од лидерот Баер Леверкузен кој утре ќе гостува кај Келн и со победа ќе има можност да стигне до двоцифрена предност во однос на актуелниот шампион.

- Оглас -

Најнови вести