Леао не може да објасни што се случува со Милан

Милан уште еднаш ги разочара своите навивачи на „Сан Сиро“ и загуби со 0:1 од Аталанта, во дербито на 33 коло во Серија А. По овој пораз, Росонерите останаа на 51 бодови и се на деветото место на табелата. Милан сега заостанува дури осум бодови зад Јувентус, која е на петото место на табелата.

По поразот од Аталанта, напаѓачот на Милан, Рафаел Леао зборуваше за тоа каде е причината за новиот неуспех.

„Понекогаш играме добро и не можеме да победиме. Друг пат играме лошо, а на крајот ќе победиме. Нема објаснување, нема вистинска причина зошто е тоа така. Фудбалот е таков. Ние сакаме да имаме добри резултати, но не можеме секогаш да ја имаме контролата. Овој меч против Аталанта беше чуден. Можевме први да постигнеме гол. Посебно со решителност влеговме во второто полувреме, но потоа примивме гол од контранапад. Тешко е да се објасни. Ремито ќе беше најреален резултат“, вели Леао.

Португалскиот репрезентативец најави дека сезоната за Милан уште не е завршена. Тимот е во трка за трофејот во Купот, каде го чека реваншот од полуфиналето против гадскиот ривал Интер. На првиот меч, резултатот беше 1:1.

„Милан нема да се откаже од борбата. Сега следува реванш дуелот против Интер во полуфиналето на Купот. Тоа е многу важен меч за нас и сите ќе се обидеме да го дадеме максимумот за да стигнеме до финалето. Ова е последната шанса да ја промениме сезоната“, заклучи Леао.

- Оглас -

Најнови вести