Во изминативе месец дена, фудбалерите кои се во изолација покажаа многу креативни потези. Различни беа предизвиците да се покаже умешноста со топката.
Пол Погба неодамна побара од своите колеги да го покажат својот најдобар потег, а Златан Ибрахимовиќ направи финта по која порача дека „играта заврши“. Популарниот Ибра со петица успеа да ја крене топката и да ја внесе во канта.