30.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

По пауза од 13 години, најскапиот фудбалер повторно игра во Премиер лигата

За првпат од 2009 година најскапиот фудбалер на светот настапува во Премиер лигата. Според специјализираната интернет-страница „Трансфермаркт“, најскап фудбалер на светот е напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, кој на листата го помина Килијан Мбапе од ПСЖ.

Според „Трансфермаркт“, вредноста на Халанд изнесува 170 милиони евра, додека Мбапе е проценет 160 милиони.

Последен најскап играч што настапувал во Премиер лигата е Кристијано Роналдо. Португалецот кој во 2009 година играше за Манчестер јунајтед го подели првото место на листата на највредни фудбалери со Лионел Меси.

- Оглас -

Најнови вести