По пауза од 40 години, повторно ќе учествува на Олимписки игри

Леонел Мартинес е 60-годишен Венецуелец кој се натпреварува во стрелаштво. Пред 40 години, Мартинес учествуваше на Летните олимписки игри во Лос Анџелес 1984 година, а сега тој се подготвува за нов настап на најголемиот светски спортски самит.

Мартинес неодамна го освои второто место во финалето на машкиот трап на Панамериканските игри во Сантијаго, а тоа му беше доволно за да обезбеди олимписка виза за ЛОИ 2024 година во Париз.

Овој успех на искусниот спортист е историски затоа што низ историјата на Олимписките игри единствено јапонскиот дресер и јавач на коњи Хироши Хокетсу имал поголема пауза меѓу две учества на Игрите. Јапонецот учествувал на ЛОИ во Токио во 1964 година, а потоа чекал дури 44 години за повторно да биде дел од ЛОИ, и тоа на Игрите во Пекинг во 2008 година, кога имал 67 години.

Трет на оваа листа е уште еден јавач на коњи, а тоа е Канаѓанецот Марио Десларије, кој учествувал на ЛОИ во Сеул во 1988, а потоа и на Игрите во Токио во 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести