Пет и пол години навивачите на Вест хем немаа видено дома меч како тој што беше синоќа

Вест хем и Брајтон одиграа без голови во синоќешниот дуел во Лондон. По ова реми, Чеканите останаа на шестото место на табелата со 34 бода, а Брајтон е веднаш зад нив со 31 освоен бод.

По синоќешниот меч, навивачите на стадионот останаа разочарани бидејќи не видоа ниту еден погодок, нешто што е вистинска реткост кога Вест хем е домаќин. За првпат по пауза од речиси пет и пол години, Вест хем на свој терен одигра без голови во Премиер лигата. Последен пат 0:0 било кога овој лондонскит тим бил домаќин во септември 2018 година, на мечот против Челзи.

Од тој дуел во 2018 година, Чеканите одиграа 101 натпревар по ред на домашен терен во првенството и секогаш барем еднаш се тресела мрежата на еден од голманите. Синоќа таа низа беше прекината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести