Челзи го совлада Тотенхем со 4-1, но до 90-тата минута беше само 2-1, а Сините од 55-тата минута имаа двајца играчи повеќе на теренот. Сега Манчестер сити е лидер на табелата во Премиер лигата по комплетирани 11 кола.
За Тотенхем ова е прв пораз сезонава, дојде од тим чиј менаџер е нивната менаџерска легенда Маурисио Покетино и сега веќе нема непоразени во Премиер лигата.
Освен што претрпе пораз, Тотенхем ќе има и други последици. Кристијан Ромеро и Дестини Удоги беа исклучени, а се повредија Ван де Вен и Медисон.
Николас Џексон ги даде вториот, третиот и четвртиот гол за Сините во 75-тата, 94-тата и 98-мата минута.
Ова е клучниот гол на Нико за 2-1:
Nicolas Jackson goal, Sterling assist #TOTCHE
— Høj (@HojlundPR) November 6, 2023