Златан Ибрахимовиќ по кој знае кој пат докажа дека е главен на теренот. Првата ѕвезда на Милан беше и главен на теренот во синоќешното градско дерби против Интер. Популарниот Ибра ги постигна двата гола за Росонерите во победата од 2:1, за радост на црвено-црниот дел од градот.
Подвигот на Златан е уште позначаен ако се знае дека со пред само неколку дена тој беше позитивен на Коронавирусот, но и тоа не го спречи да има шоу на „Сан Сиро“. По завршување на средбата, Ибрахимовиќ беше запрашан дали се чувствува како лав, а тој имаше подготвено одговор.
„Не се чувствувам како лав, јас сум лав“, рече Ибрахимовиќ, а потоа на социјалните мрежи објави фотографија за тоа каков лав чувствува дека е, со крв по телото и тоа по јадење на неговиот плен.