26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

По победата над Македонија, Роналдо упати порака која собра над шест милиони лајка на „Инстаграм“

Португалија се пласира на Светското првенство во Катар откако синоќа на „Драгао“ со 2:0 ја победи Македонија. За Кристијано Роналдо ова ќе биде петто Светско првенство, постигнување кое им успеало на малкумина фудбалери.

Вкупно, за Португалија ова е осмо учество на планетарните собири, а по победата над Македонија, капитенот Роналдо на својот инстаграм-профил објави фотографија од целата селекција под која пишуваше: „Целта е остварена. Одиме на Светското првенство во Катар. Таму сме каде што треба да бидеме. Им благодарам на сите Португалци за безрезервната поддршка. Напред Португалија!“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

- Оглас -

Најнови вести