Ливерпул вечерва стигна до првата победа во групната фаза од Лигата на шампионите откако во неизвесен меч со 4:3 го победи Салцбург. Актуелниот европски првак водеше со 3:0, но гостите стигнаа до 3:3, а на крајот Мухамед Салах погоди за 4:3.
Освен радост за победата во ЛШ, уште една убава вест стигна за навивачите на Ливерпул. Англиската федерација реши да не го исфрли гигантот од Лига купот откако беше покрената истрага поради тоа што на мечот против МК Донс играше Педро Кривела, иако ги немал потребните документи.
По направената истрага, одлуката е Ливерпул да не биде исфрлен од Купот, но ќе мора да плати 200.000 фунти. Во следното коло Ливерпул во Лига купот ќе игра против Арсенал на „Енфилд роуд“. Тој меч треба да се игра на 29 октомври.