По победата над Удинезе, Инѕаги упати порака до соседот Милан

Интер ги освои трите бода на тешкото гостување кај Удинезе, па борбата за титулата во Серија А останува драматична најверојатно до самиот крај. Милан е лидер со 77 бодови, додека Интер има 75 и е на второто место. До крајот на шампионатот одтануваат само уште три кола, а тренерот на Нераѕурите, Симоне Инѕаги најави дека неговиот тим ќе се бори за титулата додека има шанса.

„Здрави сме, подготвени сме и веруваме во нашите сили. Нема да се откажеме и ќе се бориме до крај. Против Удинезе, момците одиграа одличен меч, а навивачите со бодрењето од трибините направија да се чувствуваме како да играме на домашен терен. Мора да бидеме фокусирани и на следните мечеви, а играчите покажаа дека е така и покрај тоа што знаеја дека Милан денеска победи“, вели Инѕаги кој додаде дека сега следи и финалето во Купот на Италија, каде Интер за противник ќе го има Јувентус на дуел кој ќе се игра на 11 мај на „Олимпико“ во Рим.

- Оглас -

Најнови вести